Двојна победа на Германците во Монте Карло
26 мај 2013Реклама
Германецот Нико Розберг (насловна фотографија) е победник во шестата трка од Формула 1 шампионатот, за Големата награда на Монако. Пилотот на Мерцедес до својата втора победа во кариерата стигна благодарение на остварената пол позиција, но и сигурното возење во текот на целата трка која поради бројните инциденти двапати беше прекинувана и неколкупати рестартирана со сигурносното возило.
На подиумот во Монте Карло, се искачија и возачите на Ред Бул, Себастијан Фетел кој заврши како втор и Марк Вебер кој беше трето пласиран.
Во генералниот поредок води Фетел со 107 бода, пред Кими Раиконен кој има 84 и Фернандо Алонсо 78.