1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебарска лекција за соживот

21 април 2009

Верниците и верските старешини во Дебар, ја продолжуваат вековната верска толеранција, соживотот и меѓусебното почитување.

https://p.dw.com/p/Hb4i
ДебарФотографија: Petar Stojanovski

За празникот над празниците, христовото воскреснување, Велигден, како и за сите други, дебрани ја продолжуваат вековната традиција наследена од дедовци и прадедовци, чувајќи ја и негувајќи ја како нивен свет дар. Од Дебар, малото гратче во строгиот западен дел на Македонија, доаѓа уште една, овој пат многу посилна порака како треба заедно да се живее, почитува и разбира.

Во црквата „Света Петка“ велигденско јајце, по традиција, кршеа старешините на верските заедници, но сега за првпат со нив и таткото на градот. Има ли поубава потврда од оваа, но и вообичаените посети на верниците, дека дебраните се радуваат и кога е христијански и кога е муслимански празник, вели дебарскиот муфтија, ефенди Ружди Љата. Преку дебарскиот намесник, до сите граѓани честитка упати и градоначалникот, Аргетим Фида, посакуваќи им добро задравје, благососотојба, посветна заедничка иднина. Заблагодаруваќи се на упатените честики домаќинот, намесникот на дебарската парохија Благоја Спировски, порача дека дебарскиот соживот и верска толеранција треба да послужи како пример во целиот свет.

Debar, Mazedonien
Фотографија: Petar Stojanovski

А, за верниците, тука нема никаква дилема, и за овој празник, како и за сите други, честитки, посети и најубави желби на претек. Од памтивека во Дебар и дебарско се живеело добро, во мултиетничка средина. Дебрани тоа го чувствуваат како привилегија .Така било, така и ќе остане се‘ додека не‘ има на овие простори, порачуваат тие.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска