1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебата во САД околу ставот спрема Сирија

31 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIY

Во американското раководство се води остра дебата околу ставот спрема Сирија. Белата куќа го критикуваше планираното патување во Дамаск на висока по ранг делегација на Демократите како “вистински лоша идеја”. Сирија го подржува тероризмот и го дестабилизира Либан, повтори Министерството за надворешни работи.

Демократите потврдија дека и претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, по сегашниот престој во Израел, наредната недела ќе ја посети и Сирија.