1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебата околу уставната криза во ЕУ

26 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKM

Барањето на германската канцеларка Меркел брзо да се реши уставната криза во ЕУ, разви голема дискусија во Европа. Потпретседателката на ЕК, Маргот Валстром изјави дека новиот договор мора да биде „поедноставен, пократок и читлив“ од сегашниот предлог, а во него да бидат вметнати и нови амандмани, како на пример за заштита на климата. Луксембуршкиот премиер, Жан Клод Јунгер ја нагласи неопходноста од нов европски договор. Поранешниот претседател на Европскиот парламент, германскиот социјалдемократ Клаус Ханш, пак побара од земјите кои се против нов уставен договор, да ја напуштат Унијата.