1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Делегација на ОН на Косово

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAo

Делегација на Обединетите нации вчера допатува во Белград во рамките на мисијата на Косово за да се информира за ситуацијата во покраината пред решението на Советот за безбедност за идниот статус на Косово. Делегацијата ја предводи белгискиот амбасадор во светската организација Јохан Вербеке кој за радиото на Обедиентите нации изјави дека делегацијата ќе собира информации за на членовите на Советот за безбедност да им овозможи да ја сфатат ситуацијата на Косово. Со испраќањето на оваа делегација, инаку, Советот за безбедност го исполнува барањето на Русија. Основа е планот на Марти Ахтисари со кој се предвидува таканаречена „меѓународно конторлирана независност на Косово„. По разговорите во Белград и посетата на Косово, делегацијата в сабота патува за Виена на средба со Ахтисари.