1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Деликатесите на северна Италија

А. Бест Хофелер/ С. Недевски4 декември 2013

Регионот Емилиа Ромања во северениот дел на Италија е место како создадено за сладокусци. Многу светски прочуени деликатеси потекнуваат токму од Емилиа Ромања.

https://p.dw.com/p/1APM7
Фотографија: Fotolia/Olaf Wandruschka

Регионот Емилиа-Ромања во Италија. Омилена цел на бројни туристи и место каде можат да се најдат познати италијански деликатесни производи. Тука живеат 4 милиони и 400 илјади луѓе.

На ливадите во планинските села можат да се видат бројни бели крави. Во цела Италија има само уште околу 800 крави од видот „Бјанка Моденесе".

Тие даваат млеко од кое се прави светски познатото сирење Пармиџано Реџано. Тоа е посебен деликатес. Ова тврдо сирење веќе 800 години се произведува речиси во непроменет облик.

Главни состојки на сирењето се, освен млеко, многу време, трпение и рачна работа. Следењето на масата на сирењето кое се чува на 33 целзиусови степени трае речиси 24 часа дневно. Тоа трае сѐ додека не се постигне саканата густина. Потребна е голема вештина сирењето да се извади од бакарните казани. Потоа се сече на помали парчиња, бидејќи само така може да се префрли во металните прстени кои му даваат облик.

Кога ќе се постигне саканата цврстина, металниот прстен се одстранува, сирењето се потопува во солена вода и речиси без престан рачно се врти во таа вода.

Italienische Lebensmittel
Фотографија: AP

Тогаш почнува процесот на зреење. Од степенот на зреење зависи и цената: таа се движи од 1.000 до 1.800 евра. Пармиџано Реџано е многу повеќе од обичен прилог во јадењето.
Италијанците со задоволство го јадат со друг деликатес од овој регион- оцетот балзамико. И за оцетот балзамико важи: нему му е потребно време да постигне перфектен вкус и врвен квалитет. Вкусот на оцетот балзамико зависи од видот на дрво од кој е направено бурето во кое се чува. Така се добива и вид кој може да го оплемени вкусот на слатките јадења. На пример на јагодите.

Уште една специфичност на овој регион е виното кое се прави само тука: Сан Вито. Тука има голем број мали лозја. Речиси секој лозар има своја сопствена сорта. Таква е и оваа- Пињолето Фризанте. Ова лесно пенливо вино чиј втор процес на вриење се одвива во самото шише. Во 2010. година тоа е прогласено за најдобро бело вино во Италија. Емилиа Ромања е навистина регион за сладокусци.