1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Делумна дипломатска победа за Блер

9 март 2004

Во телевизиско интервју во неделата британскиот министер за внатрешни работи Дејвид Бланкет изнесе долг список на политичари и организации за човекови права кои ги критикуваат затворските услови во Гвантанамо Беј. Бланкет ги застапуавше британските интереси, бидејќи деветмина од осомничените за тероризам се државјани на Обединетото Кралство. Пет од нив се веќе ослободени и смеат да се вратат во својат

https://p.dw.com/p/AcPG
Тони Блер и Џорџ Буш
Тони Блер и Џорџ БушФотографија: AP

� татковина - ова е делумна победа на владата на Блер на крајот на долгите преговори. Целосен успех, што значи ослободување и на другите четворица британски затвореници, во моментов не е можен. Сабина Метју со повеќе детали.

Петмината повратници ќе бидат сослушани од полицијата, според податоци на Скотланд Јард секој случај поединечно ќе биде проверен според британското право. Питер Кларк заменик шеф на единицата за анти тероризам истакна:

“Ние од полицијата се разбира дека знаеме за интензивната јавна дебата околу приведувањето на овие лица. Ние сепак сме обврзани, да ги испитаме наводните терористички активности, а во случајов да ги провериме околностите, кои доведоа до нивнотот интернирање. Истрагата ќе ја води анти - терористичката единица и секој случај ќе биде поединечно испитуван. “

Дали петмината ќе мора да одат во истражен затвор сеуште не се знае. Набљудувачите сметаат дека најверојато нема да биде покрената тужба против нив. Во случај да нема доволно докази против петмината, теоретски тие би можеле да ја тужат американската влада за обештетување, но активистите за човекови права сепак сметаат дека таква тужба би имала малку шанси за успех.

Ова сепак е само делумен успех за Британците. Владата на Блер и натаму бара од Американците да ги ослободат приведените британски граѓани или да им се обезбеди фер процес по меѓународно признати критериуми.