1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел Понте во Белград

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao0A

Главниот хашки обвинител Карла Дел Понте денеска патува за Белград во мисија на оценка на соработката на Србија со судот за воени злосторства. За време на четиридневниот престој во Белград, Дел Понте ќе разговара со претседателот Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница . Од канцеларијата на хашкиот обвинител велат дека Карла Дел Понте по враќањето од Белград ќе подготви извештај за соработката на Белград, по што се очекува и ЕУ да соопшти кога ќе ги продолжи прегиоворите со Србија за договор за стабилизација и асоцијација. Србија минатата недела го испорача во Хаг, Здравко Толимир поранешен генерал во војската на Република Српска и еден од најблиските соработници на Ратко Младиќ, кој сеуште е во бегство.