1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел Понте во Белград

4 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ao3E

Главниот хашки обвинител Карла Дел Понте денеска патува за Белград во мисија на оценка на соработката на Србија со судот за воени злосторства. За време на четиридневниот престој Дел Понте ќе разговара со претседателот Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница . Од канцеларијата на Дел Понте изјавија дека по враќањето од Белград таа ќе подготви извештај за соработката, по што се очекува и ЕУ да соопшти кога ќе продолжат прегиоворите со Србија за договор за стабилизација и асоцијација. Србија минатата недела го испорача во Хаг, Здравко Толимир, поранешен генерал во војската на Република Српска и еден од најблиските соработници на Ратко Младиќ, кој сеуште е во бегство.