1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел Понте – Толимир

1 јуни 2007
https://p.dw.com/p/Ant2

Главната обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте го поздрави апсењето на осомничениот воен злосторник Здравко Толимир. Портпарол на Дел Понте посочи дека тој бил еден од последните тројца обвинети за масакрот во Србереница кои се се‘ уште на слобода. Екс генералот Толимир се смета за еден од најблиските соработници на шефот на Генералштабот на босанските Срби, Ратко Младиќ. Тој и лидерот на Србите во Босна Радован Караџиќ се се‘ уште во бегство.