1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Деминирање во тетовскиот, скопскиот и кумновскиот крај

Свето Тоевски28 јули 2006

Пред неколку дена во Македонија почна нова акција на деминирање, овојпат во одделни планински подрачја во тетовскиот, кумановскиот и скопскиот регион.

https://p.dw.com/p/Add2
Метални детектори
Метални детекториФотографија: Bundesanstalt für Materialforschung und -prüfung (BAM)

Екипата стручни лица за деминирање на владината служба за заштита и спасување стартуваа во околината на шарпланинското село Вејце. Потоа ќе се премине и на атарите на селата Танушевци и Грачани. Оваа најнова акција всушност е насочена пред се кон откривање и отстранување на така наречените персонални нагазни мини, во рамки на обврските на Република Македонија како потписник на отавската конвенција. По септември кога ќе се преконтролирааt 150.000 метри квадратни во споменатите села во тетовско, кумановско и во скопско Македонија ќе биде прватат земај во ЈИЕ која во целост ќе ги има исполнето своите обврски кон споменатат конвенција: да не се прозиведуваат и чуваат вакви мини во армиските магацини како и од нив да се исчистат сомнителните површини. Љупчо Зајковски, советник во дирекцијата за заштита и спасување изјави „ Планираме да завршиме за две до три недели овде. Потоа заминуваме за Танушевци и Грачани. Со овие три локации ќе бидеме прва земја по отавската конвенција во одност на антиперсонални мини.“

По завршувањето на конфликтот во неколкуте акции за деминирање во кои беа вклучени и ОН беа исчистени 8 милиони квадратни метри но во рамничарските предели во поранешните кризни региони. Населението не престана да стравува од заостаните мини и други експлозивни средства, бидејќи имаше десет загинати и исто толку повредени лица од нив во изминатите пет години дополнува Зајковски „ Ги исчистивме скоро сите села. Тие ни беа приоритетни. Ги исчистивме обработливите површини и сега веќе почнуваме со планинските делови. Имаме откриено многу на тие места каде бевме. Повеќе се работи за неексплодирани средства, антиперсонални мини имаме откриено околу 45 парчиња, има и противтенковски мини. Жртви имаше. На Српка имаше жртви Германци, на Сопот – кумановско имаше Пољаци жртви, имаше жртви и од локалнотот население.“

Љатив Арсани член на Советот на месната заедницаа во Вејце вели „Има мини, сум видел со моите очи, неколку и самиот извадив од земја.“ луѓето стравуваат посочува селанецот „Се плашат луѓето, имаат страв за стоката која не може да влезе да пасе поради мините.“ „Народот се пллаши но кога ќе мора да дојде по дрва ќе ризикува“ вели Арсани.

Локалните жители исто така тврдат, дека наводно според нив има неексплодирани мини и во појасот непосредно до границата со Косово. Митко Ташковски, раководителот со екипата за деминирање, која овие денови со металните детектори ги пребарува сомнителните терени на Шара кај Вејце, вели „Тие бараа од нас да дојдеме, оваа сомнителна површина да ја пребараме. Овдека се врешни гранатирања во конфликтот во 2001 година, така да и самите тие знаат дека имало воени дејства. Ние сега ќе го пребараме теренот за луѓето слободно да се движат.“

Супервизорот на акцијата Ранко Ковач од БиХ го претставува меѓунардониот фонд за донации за вакви цели во Љубљана, кој заедно со македонската влада финансиски го подржуваат проектот. Ковач кој има искуства во повеќе земји за Македонија констатира: „Не е толку загадена со неексплодирани среддства како што е случајот со БиХ па и Србија. На просторот на Македонија сепак нема многу противтенковски и противпешадиски мини, но сепак има заостанати неексплиодирани средства.“

Тимот за деминирање продолжува со својата работа, во овие неколку дена не се пронајдени никакви експлозивни средства, но стручњаците очекуваат мини на теренот.