1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демократите го преземаа мнозинството и во американскиот Сенат

10 ноември 2006

Актуелниот сенатор од сојузната држава Вирџинија од редовите на републикабнците, Џорџ Ален доцна синоќа го призна поразот на изборите за двата дома на Конгресот, што се одржаа во вторникот.

https://p.dw.com/p/Ac1p
Џим Веб, победникот во Вирџинија
Џим Веб, победникот во ВирџинијаФотографија: AP

Демократскиот предизвикувач Џим Веб, се прогласи за победник уште за време на долгата постизборна ноќ. Но дури во ноќта спрема четвртокот, агенцијата Асошијетед прес, врз основа на своите проверки објави дека во изборната трка во Вирџинија победил Веб.

Вчера попладне следуваше со нетрпение очекуваната пресконференција на поразениот Џорџ Ален од редовите на републиканците: „Народот од Вирџинија, на кој и припаѓа оваа влада, одлучи. Ја почитувам оваа одлука и денеска им ја честитав победата на Џим Веб и на неговиот тим“

Ален истакна дека не сака непотребно да го оптоварува процесот, и затоа тој се откажува од своето право да побара официјално ново пребројување на гласовите. Разликата меѓу двајцата кандидати, изнесува нешто повеќе од 8 илјади гласови или помалку од еден процент. Со неговото откажување Ален ја поштеди нацијата од неизвесност како што беше случајот на претседателските избори во 2000 година, кога со недели траеја препирките меѓу таборите на кандидатите Џорџ Буш и Ал Гор околу повторно пребројување на гласовите во сојузната држава Флорида.

По победата во Вурџинија, Демократите сега за првпат по 2001 година повторно располагаат со мнозинство во Сенатот. Претставничкиот дом на Конгресот уште во постизборната вечер падна во рацете на Демократите .

Во меѓувреме американскиот претседател Џорџ Буш се сретна со идниот спикер во претставничкиот дом, американскиот конгресмен Ненси Пелози. Двајцата ја истакнаа желбата за соработка. Буш по заедничкиот ручек во Белата Куќа изјави: „Ние нема да се согласуваме во се. Но и двајцата ја сакаме Америка и делиме заедничка грижа за оваа земја и ќе го дадеме најдоброто од нас, да се справиме со големите проблеми“

Пелоси која важи за леволиберална политичарка од западниот брег на САД, по средбата истотака беше самоуверена: „Имавме многу продуктивна средба, на која стана збор за тоа како можеме да соработуваме надминувајќи ги партиските граници, за да постигнеме резултати за американскиот народ, Беше многу позитивно“-истакна Пелоси.