1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрантите во Турција продолжуваат со протестите

АТ/ ртр/дпа/афп9 јуни 2013

Десетици илјади луѓе повторно демонстрираа во Истанбул. На протестите им се приклучија илјадници фудбалски навивачи. На повикот на премиерот Ердоган за прекин на демонстрациите, неговите противници не реагираа.

https://p.dw.com/p/18mNv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Плоштадот Таксим и околните улици во милионската метропола беа уште повеќе исполнети отколку претходните вечери, бидејќи кон демонстрантите се приклучија голем број фудбалски навивачи, информираат очевидци. За денеска, платформата Таксим, која припаѓа кон организаторите на демонстрациите, повика на голем протест на плоштадот. „Ги очекуваме сите греѓани кои сакаат да ги реализираат своите права за нивниот град, за нивниот Гези парк и за нивните барања“, се вели во едно соопштение за печатот на групата. „Ќе продолжиме додека не ни бидат исполнети барањата“.

Полицијата во Анкара употреби солзавец

Додека полицијата беше воздржана на демонстрациите во Истанбул, во главниот град Анкара беа употребени водени топови и солзавец против околу 5.000 демонстранти, кои протестираа против премиерот Реџеп Таип Ердоган и курсот на неговата исламско-конзервативна партија АКП, за кои дел од граѓаните сметаат дека е се' поавторитарен. Стотици полицајци ги растурија демонстрациите на централниот Кизилаи плоштад, откако тие го блокираа сообраќајот и не сакаа да се повлечат. Според телевизиските извештаи, повеќемина биле повредени.

Türkei Proteste gegen die Regierung in Ankara 08.06.2013
Протести во АнкараФотографија: Adem Altan/AFP/Getty Images

Противнците на Ердоган се подготвуваат за долга борба

Бранот протести почна пред една недела по една насилна полициска акција против демонстрантите, кои сакаа да спречат градежен проект во паркот Гези на плоштадот Таксим во Истанбул, каде треба да никне шопинг центар. Додека Ердоган се придржува до намерата за градба, градоначалникот на Истанбул Кадир Топбас сега уверуваше дека во паркот нема да биде изграден шопинг центар или хотели. Она што започна како протест против план за изградба на објект во меѓувреме се' повеќе прераснува во борба против владата на Ердоган. Во краток временски период се формираа различни социјални и политички групи за протестните акции.

Нема нови избори

Ердоган се сретна со водечки политичари на неговата исламско-конзервативна партија АКП на кризна седница. Протестите биле „под контрола“ и нема да има никакви предвремени избори, ниту на локално, ниту на национално ниво.

„Претседателските избори ќе се одржат во август 2014 година, а парламентарните избори во јуни 2015 година. Промена на временскиот план не доаѓа в предвид“, изјави заменик претседателот на партијата Хусеин Челик по средбата во партијата.

Меѓународната критика се зголемува

Германскиот министер за надворени работи Гидо Вестервеле го повика турскиот премиер на почитување на граѓанските права.

„Ова е тест за турската влада, на Европа и на светот да им покаже дека и' значат владеењето на правото и правата за слободите“, рече Вестервеле за весникот „Велт ам Зонтаг“. Германскиот министер притоа додава: „Премиерот Ердган има посебна одговорност, да ја смири состојбата. Тој мора да биде свесен за оваа одговорнсот“, вели Вестервеле.