1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрантите не си одат

14 февруари 2011

Два дена по оставката на Мубарак, на плоштадот Тахрир во Каиро се‘ уште има демонстранти. Само неколку часа откако армијата го расчисти плоштадот и се закани со апсења, околу две илјади луѓе повторно се вратија.

https://p.dw.com/p/10Gu3
На Тахрир повторно има демонстранти (архива)Фотографија: DW

До петокот ги имаше илјадници, сега само неколку стотици, но сепак - на плоштадот Тахрир, во центарот на Каиро и натаму има луѓе што демонстрираат. Претходно, на плоштадот се појавија и стотици полицајци, кои се солидаризирале со протестното движење и денеска се на плоштадот извикувајќи: „Ние сме со народот“. Голем дел од полицајците и самите се гледаат како жртви на системот на Мубарак. Повеќето граѓани, пак, ги третираат полицајците како орган кој ги спроведувал намерите на власта. На маргините на собирот на полицајците дојде до тензии и тепачки - разбеснети приврзаници на опозицијата ги обвинија полицајците дека се вртат „како што вее ветрот“.

Демонстрантите кои се во центарот на Каиро сакаат да извршат притисок за исполнување на барањата за поголема демократија во земјата.

Ägypten Kairo Proteste Mubarak Polizei Demonstration
Полицајците што денеска демонстрираа на плоштадот Тахрир извикуваа: „Ние сме со народот“ ( фото: полицаец со еден демонстрант на крајот на јануари 2011)Фотографија: AP

Еден од организаторите на вчерашните протести, Али Билал, вели:

„Нема да се вратам на своето работно место, додека не добијам чувство дека мојата земја е во сигурни раце. Досега тоа не е случај.“

Опозиционерите во Египет се нетрпеливи

Интернет активистот и менаџер во Гугл, Ваел Гоним, на социјалната мрежа Твитер напиша: „Најголема грешка сега би била на народот да му се нуди премалку, пребавно. Повторното стекнување доверба бара побрзо темпо.“ Носителот на Нобеловата награда за мир Мохамед Ел Барадеј, според наводи на Си-Ен-Ен, изјавил дека армијата мора да излезе од нејзините касарни и на луѓето да им соопшти во која насока се оди.

Военото раководство во Египет засега не зборува за укинување на вонредната состојба, воведена уште пред 30 години, а останува неодговорено и прашањето за ослободување на политичките затвореници.

Инаку, во текот на викендот, Воениот совет најави распуштање на парламентот и нови избори. Освен тоа, суспендиран е и уставот на земјата, кој треба да претпри промени. Претходно, одржана беше и првата седница на преодната влада, по што премиерот Ахмед Шафик, на прес-конференција најави:

„Наш највисок приоритет како влада е враќање на безбедноста за сите египетски граѓани. Чувството на несигурност, кое владее од почетокот на протестите, мора да исчезне. Дел од нашите најважни задачи е и враќање на нормалноста во секојдневниот живот.“

Автор: ЕМФ/БГ/дпа/афп/дв/шпигел/ртр

Редактор: Жана Ацеска