1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации на приврзаниците на Садам

16 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRN
Во градовите каде е најсилен отпорот против американските сили, вчера вечер протестираа приврзаници на Садам Хусеин против апсењето на нивниот идол. Така во градот Рамади, околу 100 км западно од Багдад преку 500 лица протетираа пред зградата на градската управа. Ирачки полицајци поддржани од американски војници излегле во заштита на управата, при што дошло до престрелка, во која биле убиени двајца Ирачани, упте двајца се ранети, а еден американски војник се задобил со полесни повреди. Уште еден Ирачанец го загубил животот во подоцнежниот инцидент во истиот град, кога околу 30 герилци нападнале една американска единица во близина на едно складиште со муниција. Арапската ТВ станица Ел Џазира јавува за уште еден напад врз американските војници во градот Самара, при кој загинал еден од напаѓите. И во градот Фалуџа, 60 км западно од главниот град вооружени приврзаници на Садам Хусеин ја нападнале зградата на гадоначалникот, а во родниот град на поранешниот ирачки диктатор, Тикрит, демонстрациите беа разбиерни со употреба на солзавец.