1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрација на црвените каранфили во Турција

Сенада Соколу/Б. Георгиевски24 јуни 2013

По мирната недела во Истанбул, полицијата повторно насилно реагираше против демонстрантите. Илјадници луѓе со црвени каранфили во рацете на плоштадот Таксим протестираа против актуелната влада и премиерот Ердоган.

https://p.dw.com/p/18uym
Фотографија: Reuters

Шест дена на плоштадот Таксим беше мирно, најмногу благодарение на големото полициски присуство. Но, од саботата вечер (22.06) лажниот мир заврши. Силите за безбедност повторно против демонстрантите ги активираа водените топови и солзавецот.

Со црвени каранфили во рацете, демонстрантите се собраа на плоштадот Таксим да им оддадат почит на четворицата загинати во досегашните протести. Повторно преку Фејсбук и Твитер беа организирани големи демонстрации во кои учествуваа припадници на сите старосни групи.

Полицијата на почетокот ги принудуваше луѓето да се вратат назад. Но по околу еден час употреби водени топови и солзавец.

„Не го издавајте својот народ“, ги повикуваа демонстрантите силите за безбедност дарувајќи им црвени каранфили. Претходно го предупредуваа премиерот Ердоган со зборовите: „Ова е само почеток, борбата продолжува“, или „Ќе дојде денот кога ние ќе поставуваме прашања, а АКП ќе одговара“. Ова беа реакции на полициското насилство од претходните недели, како и на коментарот на Ердоган дека секој демонстрант на плоштадот е „терорист“.

„Ние не сме терористи, ние сме народ. Ние протестираме и правиме се' што можеме за Таксим“, вели еден од нив.

Türkei Istanbul Proteste
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Тие мислат дека можат да не‘ замолкнат, но не можат! Луѓето покажаа дека не се плашат“, вели друга демонстрантка.

Поделено општество

Протестите ги извадија на виделина големите поделби во Турција. Ердоган го поддржуваат пред се' религиозните конзервативци, додека либералниот дел од општеството се приклучи кон општеството. Во градот Самсун во саботата, Ердоган организираше контра-протест под слоганот: „Почитувајте ја волјата на народот“. Пред десетици илјади луѓе Ердоган повторно употреби верски аргументи за да го дискредитира протестниот бран.

„Ќе им дозволиме ли да шетаат со чевли по нашите џамии, ќе им дозволиме ли да пијат алкохол во нашите џамии, да зборуваат против нашите девојчиња кои носат марами? Една молитва е доволна да ги запре нивните планови“, порача Ердоган, обвинувајќи ги домашните и странските сили за немирите.

Türkei Erdogan in Istanbul
Поддршка за ЕрдоганФотографија: Reuters

„Сега профитираат лоби групите и непријателите на Турција“, оцени Ердоган мислејќи на падот на вредноста на турските акции на берзите. Најголем губитник, според него, е турската економија.

Со таквата оценка се согласува и турскиот социолог и политиколог Јашар Аданали: „Бизнисмените и политичарите се тие кои најмногу се плашат, за разлика од остатокот од протестното движење“.

Тој, меѓутоа, забележува дека е ова првпат во турската историја луѓето во земјата да доживеат локална демократија. Луѓето почнаа да ги користат јавните места и плоштадите за слободно да ги разменуваат своите идеи“, вели Аданали.