1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска консултации за предлог-резолуцијата за Иран

21 март 2007
https://p.dw.com/p/AgM1

Индонезија , Катар и Јужна Африка предложија внесување на измени во предлог-резолуцијарта на Советот за безбедност на ОН околу спорната иранската атомска програма . Предлозите беа разгледувани од страна на членките на Советот за време на вчерашната неформална средба во Њујорк . Денеска пак највисокот безбедносно тело на ОН ќе ги започне официјалните консултации околу предлог резолуцијата на петте земји постојани членки на Советот и Германија. Таа предвидува заострени санкции против Иран , бидејќи раководството во Техеран , и натаму одбива да запре со збогатувањето ураниум .