1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска ќе одекнат новите камбани на Нотр Дам

Ефи Зајберт / Е.М.Фиданоска23 март 2013

Имаат човечки имиња, како Марсел или Морис. Камбаните на Богородичната црква во Париз, девет на број, денеска (23.03) ќе одекнат првпат.

https://p.dw.com/p/1833Q
Фотографија: Reuters

Во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам), последните недели беше како на модна писта. Се презентираа новите девет „топ модели“, камбани наредени од влезот до олтарот. Секој ден по околу 30.000 посетители се туркаа да ги видат деветте убавици. Понекогаш некој и ќе чукнеше по нив, за да слушне каков тон даваат, по што следуваа реакции од црковниот старешина дека допирањето на кабманите е апсолутно забрането.

За тоа време мајсторот Режис Сингер го проверуваше тонот на новите ѕвезди. Оценува дека се перфектни: „Звукот, интензитетот, тежината, се‘ е соодветно. Не смее да се заборави дека камбаната не е само средство што прави Динг Данг Донг. Камбаната е инструмент.“

Notre Dame in Paris
Нотр Дам секојдневно има илјадници посетители од цел светФотографија: picture alliance/maxppp

Оркестарот на камбаните на Нотр Дам во последните години звучеше малку фалш. Тоа се должеше на тоа што малите камбани по револуцијата беа излеани од евтин метал и веќе не хармонираа како што треба со големата главна камбана Емануел.

Сега новите камбани одговараат перфектно. Тие зад себе имаат долг пат. Излеани се во Холандија и Нормандија, а потоа по стотици поминати километри на автопат, на отворен камион ги минаа послендите километри низ Париз до Нотр Дам. Многумина жители на Париз со насолзени очи го следеа целиот транспорт. Една од камбаните во Богородичната црква ќе го носи името на германскиот папа Бенедикт. Таа сега е на своето место заедно со Мари, Габриел, Анжелик Франсоаз, Антоанет Шарлот и останатите „сестри“. Попладнево во 17 часот главната камбана Емануел нема веќе да биде сама. Тогаш над Париз ќе одекнат новите гласови на Нотр Дам.