1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Деноноќие без пријавени инциденти

12 март 2012

По серијата тепачки во Македонија во изминатите неколку дена, вчера (11.03.2012) и ноќеска во Министерството за внатрешни работи не се пријавени нови инциденти.

https://p.dw.com/p/14JCA
Зградата на македонското МВРФотографија: Petar Stojanovski

Во македонското МВР соопштија дека полицијата работи на расчистување на инцидентите, неколку лица се приведени, а против некои се поднесени кривични пријави за „насилство“. Повеќето од учесниците во тепачките се млади луѓе, а меѓу нив има и малолетници. Продолжува и засиленото присуство на полицијата на терен со цел да се превенираат евентуални нови инциденти.

МВР, како што најави премиерот Никола Груевски и ресорната министерка Гордана Јанкулоска, ќе оди докрај со расчистување на инцидентите, пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.

Груевски: Идиотски тези

Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski
Македонскиот премиер ГруевскиФотографија: AP

Премиерот Никола Груeвски инаку вчера ја отфли тезата на опозицијата дека власта стои зад инцидентите меѓу младите во изминатите денови. Според него таа е неприродна и несвојствена за актуелната власт како политичка структура.

„Мислам дека ваква поидиотска теза не сум слушнал досега, односно дека Владата ангажирала тепачи од македонска и од албанска етничка припадност да се тепаат за да не примеле во НАТО“, изјави Груевски.

Прво, потенцира Груевски, тие што ја тврдат таа теза треба да знаат дека на тој начин не само што нема да не примат, на тој начин ако сме за примање може да не одбијат.

„Второ, треба да знаат дека Владата и јас лично никогаш досега и никогаш во иднина нема да се занимаваме со таков вид валкани игри, како што некој може очигледно да ги замисли“, истакна Груевски.

Автор: СН/ АТ/ миа/ мф

Редактор: Александра Трајковска