1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на посетувањето на жртвите од националсоцијализмот

27 јануари 2004
https://p.dw.com/p/AcQO
Германскиот Бундестаг денеска потсети на жртвите од националсоцијализмот. Повод за тоа е ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц на 27 јануари пред 59 години од страна на советските трупи. На иницијатива на поранешниот германски претседател Роман Херцог овој ден од 1996 година е ден на сеќавање. Во Бундестагот говореа претседателот на Бундестагот Волфганг Тирзе и познатата француска политичарка Симон Вејл која го преживеала холокаустот.

"За мене е голема чест да зборувам денеска пред вас, на овој икслучително значаен ден од историјата и на место кое сега е праламент на повторно обединетата Германија. Овде се наоѓам првпат. Оваа чест е поврзана со голема емоција. Ние сме во Берлин, во срцето на Европа, во градот кој во свое време беше главен град на нацистичкото царство, потоа симбол на поделена Европа, а сега повторно симбол на демократијата".

Со овие зборови до пратениците на германскиот Бундестаг се обрати Симон Вејл на денот на потсетувањето на жртвите од националсоцијализмот. Преку шест милиони жртви, главно Евреи, но и Синти и Роми, хендикепирани, воени затвореници, политички противници. Претседателот на парламентот Тирзе меѓу другото рече дека станува збор за најголемото и најстрашното злосторство во светската историја. Советските трупи на 27 јануари 1945 година во Аушвиц најдоа уште 7 илјади и 600 преживеани, но и преку 350 илјади парчиња машка и околу 800 илјади детска облека. Тоа беа траги на жртвите, како и документи за обесчовечувањето и планското убивање. Претседателот Тирзе ги повика во своето обраќање Германците на решителен отпор против антисемитизмот во земјата, истовремено истакнувајќи го значењето на Европската унија:

"Широката обработка на холокаустот на младите луѓе уште повеќе ќе им ги објасни позитивните вредности и традиции на Европа кои денес ги претставуваат основите на Европската унија и кои сега колку што е можно побргу треба да бидат внесени во новиот европски устав. Иднината на Европа зависи од тоа младите да се идентификуваат со Европската унија како творба на мирот и вредностите, да ги прифатат тие вредности и да развијат европска свест".