1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици загинати во напади во Сирија

ЖА/АТ/ртр/миа/дпа/мф30 април 2012

Во два бомбашки напади во северниот сириски град Идлиб според наводи на опозицијата загинале најмалку 20 луѓе

https://p.dw.com/p/14mzA

Најголем дел од жртвите се роднини на припадниците на силите за безбедност, изјави шефот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абделраман. Едната експлозија се случила во близина на зградата на државна безбедност, а другата во близина на воената тајна служба. Од пред две недели меѓу сириските владини сили и бунтовниците владее официјално примирје, но тоа е постојано прекршувано.

Вчера во главниот град Дамаск пристигна шефот на мисијата на невооружени воени набљудувачи на ОН за надгледување на примирјето во Сирија, норвешкиот генерал Роберт Муд.

Тој веднаш по пристигнувањето во Дамаск упати апел до сирискиот претседател Башар ал Асад и опозоцијата да ги прекинат судирите и да го овозможат прекинот на огнот.

Норвешкиот генерал притоа признал дека 300-члената мисија што ја предводи ја чека тешка задача, но нагласил дека е убеден оти може да се постигне напредок.

Во моментов мисијата на Обединетите нации за надгледување на примирјето во Сирија на теренот има 30-ина набљудувачи.