1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици илјади евакуирани од вулканот Фуего

АТ/ ртр/ афп/ дапд/ дпа14 септември 2012

Во Гватемала се активираше вулканот Фуего. Илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Главниот град Гватемала сити не е во опасност.

https://p.dw.com/p/168mv
Фотографија: AP

„Оваа ерупција е посилна од вообчаено“, изјави Густаво Киња од Институтот за вулканологија за локалните медиму и појасни: Затоа е прогласен вонреден степен „портокалово“, кој означува опасност. Вулканот Фуего, 75 километри југозападно од главниот град Гватемала сити изби во четвртокот.

Ерупцијата предизвика облак од чад висок 1.000 метри над речиси 3.800 метри високата планина. Вжештената лава на вулканот во близина на омиленото туристичко место Антигуа се прошири веќе на 600 метри надолу низ падините, соопштија властите. Градот во моментов не е во опасност.

Започна евакуација

Службата за цивилна заштита соопшти дека се погодени 17 села и т.н. огнена планина на југот на Гватемала. Раководителот на службата за заштита од катастрофи Алехандро Мадонадо изјави дека повеќе од 10.000 луѓе се веќе на безбедно место, додека 23.000 луѓе мораат да сметаат дека ќе бидат евакуирани. Црвениот крст подигна привремени сместувалишта.

Аеродромот во Гватемала сити засега е отворен, но властите издадоа забрана за летање на рутата кон Тапалука во Мексико.

Во 2010 година еруптираше вулканот Пакаја, еден од четирите активни вулкани на Гватемала и во пепел го прекри 40 километри оддалечениот главен град Гватемала сити. Тогаш мораше да биде затворен аеродромот, а стотици семејства беа евакуирани.