1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици мртви во напад врз шиитите во Ирак

ЕМФ/ртр3 јули 2012

Серијата напади врз ирачките шиити пред еден нивен важен празник, не завршува. Во бомбашки напад во близина на џамија во јужен Ирак, загинаа најмалку 40 луѓе, а повредени се 75.

https://p.dw.com/p/15QVs
Фотографија: Reuters

Според наводи на ирачките власти, нападот во јужноирачкиот град Диванија се случил на пазар полн со луѓе. Во блиската џамија шиитските аџии се собирале за пат за Кербела, каде требало да го прослават раѓањето на еден од нивните најважни имами. Според полициски извори, бомбата била сокриена во мало камионче. Властите воведоа делумна забрана за излегување од градот, кој е блокиран.

Претходно, во Кербела се случија две експлозии, во кои загинаа четири лица, а повредени беа 29. Цел на атентаторите беа исто така шиитски аџии.

Во последните недели во Ирак насилството бележи пораст. Во јуни, според агенцијата Ројтерс, загинале 237 луѓе, а повредени се 603. Најголемиот дел од жртвите загинале во бомбашки напади. Поради зголемувањето на насилството постојат стравувања дека конфликтот меѓу сунитите и шиитите би можел повторно да се разгори. Во 2006 и 2007 година Ирак се наоѓаше на работ на граѓанска војна. Американските трупи во меѓувреме веќе ја напуштија земјата.