Десет години по нападите Бали тагува по жртвите
12 октомври 2012„Ова е ден на спротивставени емоции: гнев и загуба на една, и простување и помирување на друга страна“, изјави австралиската премиерка Џулија Гилард при комоморацијата за повеќе од 200 жртви од нападите на Бали пред десет години. Меѓу жртвите имаше 164 странци, од кои 88 беа Австралијци и шест Германци.
На комеморацијата денеска присуствуваа и гости кои загубиле членови на семејството, меѓу нив и Дени Хенли. „Моите две ќерки загинаа при нападите“, изјави Австралиецот.
На 12. октомври 2002 година исламистичката група Џама Исмалија активираше експлозивни направи во еден ноќен клуб и во еден бар и го предизвика крвопролевањето. Организаторот на нападите Умар Патек изминатиот јуни беше осуден на 20 години затвор.
Индонезиските власти пред оддржувањето на комеморацијата воведоа највисок степен на безбедност. Тие впрочем имале „веродостојни информации“ за терористичка закана, соопшти полицијата во средата. Затоа беа ангажирани околу 2.000 полицајци и војска. Органзаиторите на комеморацијата на плажата Џимбаран обезбедија место за 2.000 луѓе, а присуствуваа само 300.