1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десет години по нападите во Дар ес Салам и Најроби

Андреа Шмит7 август 2008

На денешен ден пред 10 години, повеќе од 220 луѓе ги загубија животите во нападите во Дар ес Салам и Најроби. Терористичките напади, наменети за американските амбасади, им се препишуваат на активистите на Ал Каеда.

https://p.dw.com/p/Es8v
По нападот врз амбасадата во НајробиФотографија: AP

Кога облаците со чад се расчистија по нападите на 7 август, веднаш станаа видливи размерите од катастрофата. Во Најроби, кој потешко беше подгоден, од куќите во околината на американската амбасада останаа само рушевини, на улиците во Дар ес Салам пак може да се видат луѓе кои крварат, а и гореа автомобили.

Кенијанецот Симон Кимори, кој работеше во близина на амбасадата е еден од жртвите. „Кога по три дена повоторно се освестив, воопшто не се познавав. Сопругата седеше крај мене. Се обидов да ја подигнам главата неможев. Се обидов да ги движам рацете, ни тоа не можев. Морав да ја прашам жена ми каде сме.“

Неочекувани терористички напади

Кимори е официјален претставник на жртвите во нападите, кои до денеска не добиле никакво обештетување. Тој истакнува, дека според податоците на кенискиот Црвен крст во текот на изминатите десет години бројот на жртвите драстично се зголемил. Како причина наведува: „Бројот на жртвите се искачи на 1.200 само затоа што немаше доволно лекарства на располагање.“

Владите на двете источно-африкански држави и САД беа целосно изненадени од терористичките напади. Опасноста од напади во двете замји кои негуваа добри односи со САД, според американското министерство за надворешни работи се сметаше за минимална.

Мартин Кимани Мбугуа, советник во институтот за Безбедносни студии во Најроби за причините вели „Мислам дека тие одбраа слаби цели, затоа што бараат ранливи цели. Кенија и Танзанија беа погодени наводоно поради безбедносни причини. Тоа не беше казна за источно-африканските земји, кои имаа добри односи со САД.“

Закани за нови напади

Безбедносните сили на источно африканските земји, во меѓувреме се обучувани во САД и Велика Британија, за успешно да се справат во анти терористичката борба. Но во Кенија, велат експертите ова предизвика и повреда на човековите права, затоа што не се прават разлики меѓу внатрешно политички конфликти и тероризам.

Денеска на десет годишнината од нападите експертите предупредуваа и дека источана Африка би можела да биде цел на нови напади „Има многу закани, многу предупредувања, заканите не семат да се занемруваат. Се работи за константи закани, така што не се знае кога и каде може да се случи. Ваквите закани уште долго ќе бидат секојдневие“ вели советникот за безебдност Кимани Мбугуа.