1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десет девојчиња разнесени во воздух

ЖА/дв/дпа/афп/ртре17 декември 2012

Во експлозија во источен Авганистан се убиени десет девојчиња. Децата на возраст од 9 до 13 години собирале дрва за огрев. Можно е да експлодирала стара советска мина.

https://p.dw.com/p/173gG
Фотографија: F.Mashuof

Десет девојчиња загинаа утринава (17.12) од експлозија на бомба, додека собирале дрва за греење, надвор од своето село Давлацаи, на истокот на Авганистан, соопштија авганистанските власти.

„Се‘ уште е нејасно што ја предизвикало експлозијата во селото Давлацаи, во дистриктот Чаперхар, во провинцијата Нангахар“, изјави управникот на дистриктот Мохамад Седик.

Девојчињата била на возраст од девет до 13 години и сите биле од различни семејства, рече Седик и додаде дека во експлозијата се повредени уште две девојчиња, кои се во критична состојба и се пренесени во болница. Локалните власти не можеа да прецизираат дали станува збор за напад или за експлозија на стара мина.

Садик, меѓутоа, за агенцијата АФП изјави експлиозијата е предизвикана од неексплодирана мина, какви што има многу во селските подрачја во Авганистан. Едно од девојчињата случајно со стапче удрило по мината. Таа потекнува од времето на советската окупација на Авганистан во 1980-те години. По повлекувањето на советските трупи од Авганистан во 1989 година, според ОН, останале околу 700 илјади мини, а биле уништени околу 15 милиони експлозивни тела. И покрај меѓународните напори за чистење на Авганистан, земјата до денес е една од државите со најголем број поставени мини.