1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Децентрализацијата во Македонија влегува во втората фаза

Свето Тоевски 2 јули 2007

Почна втората фаза на децентрализацијата. Дали општините се подготвени?

https://p.dw.com/p/BAup
ТетовоФотографија: Petar Stojanovski

Во Македонија официјално почна втората фаза од процесот на децентрализација. Отсега општините самите ќе треба да се грижат за финасирањето, но проблем е тоа што голем дел од нив не се способни за такво нешто. Заедницата на локалните самоуправи во земјата вчера на средба со премиерот Никола Груевски му доставија предлози за измени на начините за финансирање. Како реагираат жителите и градоначалниците во западниот дел на земјата и што мислат експертните.