1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дејвид Бекам ја завршува фудбалската кариера

АТ/ дпа/ сид16 мај 2013

Суперѕвездата Дејвид Бекам на крајот на сезонава ја напушта фудбалската бина. Поранешниот англиски репрезентативец има импозантна збирка титули.

https://p.dw.com/p/18ZVv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Дејвид Бекам ја завршува својата фудбалска кариера на крајот на оваа сезона. Поранешниот англиски репрезентативец, кој во моментов ги брани боите на францускиот Пари Сен Жермен (ПСЖ) денеска ја потврди информацијата. „Благодарен сум што Пари Сен Жермен ми ја даде оваа шанса, меѓутоа чувствувам, дека е дојдено времето да ја завршам мојата кариера“, рече 38 годишниот Бекам истовремено заблагодарувајќи им се на сите соиграчи и тренери „од кои со задоволство учев". „Им се заблагодарувам и на моите фанови, кои ми дава сила да бидам успешен“, подвлече Бекам.

Дејвид Бекам 115 пати го носеше националниот дрес на Англија, 59 пати беше капитен на репрезентацијата и постигна 17 голови за Англија. Својата кариера ја започна во Манчестер Јунајтед (1992-2003), а се натпреваруваше меѓу другите и за Реал Мадрид (2003-2007), Милан и Лос Анџелес Галакси.

Manchester United - Bayern München
Бекам во 1999 година со Манчестер Jунајтед во драматичното финале на Лигата на шампионите победи против Бајерн Минхен со 2 спрема 1Фотографија: AP

Неговата збирка титули е импозантна: тој го има освоено клубското светско првенство, беше победник во Лигата на шампионите, шестпати беше првак на Англија, двапати шампион на САД, еднаш шпански првак и сега со ПСЖ првак на Франција.

Кралицата Елизабета во 2003 година го одликуваше спортистот на годината за 2001 година Дејвид Бекам со орденот за заслуги „Officer of the British Empire“.

На отворањето на Олимписките игри минатата година во Лондон, Бекам имаше спектакуларен настап, кога со брз брод пловејќи по Темза го донесе Олимпискиот факел во стадионот.