1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК го утврди гласачкото ливче

Александар Чомовски 20 мај 2008

ДИК го одреди изгледот, формата и бојата на гласачкото ливче, меѓутоа не го прифати предлогот на ДУИ ливчињата на цела територија да бидат објавени на македонски и албански јазик.

https://p.dw.com/p/E38E
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Државната изборна комисија во Македонија денеска претпладне донесе одлука гласачкото ливче за овие избори да биде испишано на македонски и на албански јазик, но само во општините каде што албанската заедница брои повеќе од 20 проценти население. Истата определба ќе важи и во ромските, турските и српските средини.

Ова не прв ваков случај, ДИК да се сочува со предлог за парлалелно користење на албанскиот јазик во сите шест изборни единици. Денеска (20.05.08) таа идеја ја промовираше потпретседателот на ДИК кој е кадар на ДУИ.

Претседателот на ДИК Јован Јосифовски заклучи: „Во општините каде најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат на јазик поинаков од македонскиот, гласачките ливчиња за изборите ќе се печатат покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик што го зборуваат граѓаните.“

ДИК деновиве се соочува и со промена на локациите за гласање во над 300 избирачки места, што е десет проценти од вкупниот број избирачки места, и може да создаде услови за манипулации или за апстиненција на гласачите, заклучуваат во невладината организаиција Мост. Организацијата ќе ги набљудува изборите на 1 јуни со над 3.000 доброволци.