1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК: До 17 часот - излезноста 57,57 отсто

Катерина Блажевска/ЖА24 март 2013

До 17 часот одзивот на гласачите на локалните избори во Македонија е 57,57 отсто, соопшти на прес-конференција потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи.

https://p.dw.com/p/183UO
Фотографија: MIA

Во Скопје излезноста е 53,08 отсто. Одзивот на денешните избори е поголем од претходните локални, кога беше 48,73 отсто, како и од предвремените парламентарни избори во 2011 година, кога до 17 часот на гласање излегоа 53,86 проценти од избирачите.

За локалните избори се поднесени 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. Најголем број кандидати за градоначалници има во Градот Скопје - девет, додека по двајца кандидати има во Кичево, Пласница и Центар Жупа. Најмногу кандидатски листи за советници има поднесено во Македонски Брод - 20 со 220 кандидати за советници, а најголем број кандидати за советници има во Градот Скопје - 405 каде има поднесено девет кандидатски листи за советници.

Изборите се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје. Во Единствениот избирачки список се запишани 1.743.403 граѓани, кои гласаат на 2.976 гласачки места.