1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дипломатијата сеуште „мудрува„

11 август 2006

И натаму продолжуваат натегањата во Советот за безбедност околу резолуција за Либан: скоро една недела на масата се наоѓа американско-француската предлог резолуција и – ништо. Дебатата се чини за Русијa трае предолго, па амбасадорот Виталиј Чуркин вчера поднесе нова хартија:

https://p.dw.com/p/Adyk
Во Советот за безбддност се одмеруваат „мудрости„ додека војната во Либан продолжува
Во Советот за безбддност се одмеруваат „мудрости„ додека војната во Либан продолжуваФотографија: AP

На тоа никој не сметаше: Русија поднесе сопствена предлог – резолуција со која се бара прекин на огнот за 72 часа најмногу за хуманитарна цел. Кризата доби катастрофални размери и нема време да се чека додека резолуцијата за Либан, врз која се работи со денови, конечно да биде усвоена, изјави рускиот амбасадор Витали Чуркин:

„Сметаме дека е зрело времето за руски предлог и тоа од повеќе аспекти, пред се поради опасноста од натамошна ескалација„.

Во рускиот текст се бара дипломатите да ги зголемат напорите за да се најде политичко решение. Чуркин изјави дека за предлогот на неговата земја би можело да се гласа уште денеска. Меѓутоа, рускиот предлог дојде во моментот кога се чинеше дека е блиску пробив во разговорите меѓу Франција и САД. Американскиот амбасадор во Обединетите нации Џон Болтон изјави дека не е одушевен од руската иницијатива:

„Мислам дека малку помага тоа што сега се оттргнува вниманието од напорите за подолгорчно решение„.

Инаку, преговорите за американско-францускиот прелог течеа во текот на целиот вчерашен ден. Некои спорни точки се надминати, изјави Болтон. Меѓу другото прашањето кога треба да се повлечат израелските трупи за да можат да се ангажираат меѓународни сили. Ако резолуцијата за Либан конечно во одредено време биде предадена, тогаш Русија нема да се обиде да ги уништи тие напори, изјави Чуркин:

„Сакам да подвлечам дека наша намера не е да конкурираме некому„.

Во меѓувреме, преговорите во Њујорк за мирно решение на Блискиот исток продолжуваат, а американскиот амбасадор Болтон е оптимист:

„Се уште се надевам дека денеска ќе можеме да гласаме за предлогот„.