Директна средба на американска и иранска делегација
28 мај 2007Реклама
За првпат по 27 години високи претставници на САД ќе имаат директни разговори со делегација од Иран. Средбата се одржува во Ирак, но од безбедносни причини не е соопштена локацијата. На неа ќе учествуваат американскиот и иранскиот амбасадор во Ирак, Рајан Крокер и Хасан Касени – Коми. Според американски извори ќе се разговата само за актуелната ситуација во Ирак. Ова е промена на досегашната американска политика на некомуницирање со Техеран.