1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Директорот на Бољшој театар ја напушти болницата

БГ/ап/бета4 февруари 2013

Сергеј Филин се чувствува подобро откако беше нападнат со киселина во Москва. Лекувањето од изгореници ќе го продолжи во Ахен

https://p.dw.com/p/17XUS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Уметничкиот директор на Бољшој театарот Сергеј Филин, кому непознат напаѓач му фрли киселина в лице, ја напушти болницата во Москва и ќе го продолжи лекувањето во Германија, јавуваат руските медиуми.

„Се чувствувам добро, дури и многу добро. Само уште да можам подобро да гледа“, им изјави на новинарите Филин по излегувањето од болница.

Филин лекувањето ќе го продолжи во западно-германскиот град Ахен, но се‘ уште не знае колку ќе трае терапијата.

Полицијата се‘ уште не го идентификувала напаѓачот на Филин, кој има изгореници од трет степен на лицето и му беа извршени повеќе операции. Филин вчера изјави дека му е познат идентитетот на напаѓачот.

„Немам сомнежи, сосема сум сигурен дека знам кој го стори тоа“, рече Филин.

Постои можност дека нападот има врска со неговиот избор на одредени кандидати за улоги во балетот.