1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дијалогот и натаму „шкрипи„

Александар Чомовски21 февруари 2007

Американскиот национален деморкатски институт ја презеде повторно улогата на медијатор во разговорите власт-опозиција.

https://p.dw.com/p/AdZJ
Се очекува одговорот на ДУИ
Се очекува одговорот на ДУИФотографија: AP

Разговорите меѓу парламентарните партии околу решенијата во новиот собраниски деловник продолжија во втора рунда, но без учество на опозиционата Демократска унија за интеграција. Напорите на претставниците на Националниот демократски институт да го убедат лидерот на ДУИ, Али Ахмети да прекине со парламентарниот бојкот, не успеваат. Се очекува отвореното писмо до владата што ДУИ го најави за четврток како одговор на понудата на премиерот Никола Груевски, за нова средба со лидерот Ахмети и евентуално приклучување на ДУИ кон парламентарниот дијалог власт-опозиција. Американскиот Национален демократски институт ја презема улогата на медијатор во дијалогот власт-опозиција, во чиј фокус сега се наоѓаат промените што владеачкото парламентарно мнозинство ги заговара со воведувањето на албанскиот јазик во парламентарните сесии. Професорот Љубомир Фрчкоски, кој како експерт учествуваше во креирањето на Охридското примирје, пишува дека Рамковниот договор не содржи обврска за официјализирање на албанскиот јазик кога се претседава со парламентот или неговите комисии. Владиното мнозинство се обидува да го задоволи својот партнер, Демократската партија на Албанците, што е истовремено интерес и на сите претставници во албанскиот политички табор, вклучувајќи ја и опозиционата ДУИ, за официјализирање на албанскиот јазик во парламентот. Затоа е нејасно зошто нејзината парламентарна група не учествува во донесувањето и креирањето на новите решенија на собранискиот деловник. Во реализацијата на Рамковниот договор приоритет би требало да има новото зголемување на учеството на Албанците во јавната администрација. Владата за годинава најави тројно зголемување на буџетот. Приемот само на преведувачи, а не и на кадри во полицијата, армијата, државната управа, е стопирање на процесот за поголемо учество на Албанците во јавниот сектор, тврдат од опозиционата ДУИ. Во реализацијата на Рамковниот договор, и пред се децентрализацијата на власта, владата ги маргинализира плановите за развој на општините каде раководат 15-те градоначалници на ДУИ. Дали овие три спорни точки од Рамковниот договор – официјализирање на албанскиот јазик во парламентот, зголемените национални квоти во јавниот сектор и поголемата самостојност на општините, ќе ги доближат власта и опозицијата, зависи и од нивото на нивната комуникација. Засега се остварува една од заложбите – меѓународниот фактор, невладиниот американски Национален демократски институт, да биде посредник во разговорите власт – опозиција.