Дијалогот нема алтернатива
22 март 2008Реклама
На Балкан отворањето дијалог за различни прашања стана манир, како најдобар начин да се смират страстите и да се разрешат причините и нејасните извори на конфликтите, рече денеска во Охрид претседателот на Македонија Бранко Црвенковски на Конференцијата по повод манифестацијата Денови на пријателството чиј организатор е токму тој. Главна тема меѓу претставниците на невладиниот сектор, експертите и учениците беше мултикултурниот дијалог.