1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Дијамантски“ јубилеј на Елизабета Втора

6 февруари 2012

Британската кралица на 60 годишнината од стапувањето на должност, во писмена форма им се заблагодари на граѓаните за нивната поддршка.

https://p.dw.com/p/13xwJ
Британската кралица Елизабета ВтораФотографија: AP

Во писмото до граѓаните на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска , кралицата Елизабета Втора истакнува дека ја цени нивната „извонредна поддршка и охрабрувања за неа“.

„Додека јас останувам посветена на своите кралски задолженија, се надевам дека сите ќе бидеме потсетени на моќта на заедништвото и големата сила на семејството, пријателството и добрососедските односи, примери кои имав среќа да ги видам за време на моето владеење“, пишува кралицата.

На денешен ден во 1952 година, по смрта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, 25-годишната принцеза Елизабета ја презеде кралската должност.
Досега, 6 февруари таа го одбележуваше приватно, само како ден кога е починат нејзиниот татко, но годинава, бидејќи станува збор за еден исклучителен јубилеј, и покрај мошне студеното време денот ќе го мине во две посети во Норфолк, при што ќе има средби со локалните жители.
Официјалната прослава на 60-годишниот јубилеј на кралицата, што во Велика Британија се означува како „дијамантски јубилеј“, ќе биде одржана на почетокот на јуни, како четиридневен општонароден празник на целата земја и на сите Британци.

60jähriges Thronjubiläum Elizabeth II Krönung von Königin Elizabeth II. von Großbritannien
Елизабета Втора (лево) по крунисувањето пред шест деценииФотографија: picture-alliance/dpa

Отако Елизабета е на тронот се променија 11 британски премиери, а сегашниот, Дејвид Камерон, е 12-от кој од кралицата го доби формалниот мандат за да создаде влада и да управува со Велика Британија.
Во англиската и британската кралска историја подолгo од Елизабета Втора владеела само кралицата Викторија ß од 1837 до 1901 гоодина.

Автор: СН/БГ/афп/ртр/миа

Редактор: Е.М. Фиданоска