1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ди Карло - Скопје

24 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBJ

САД ја повикаа власта и опозицијата во Македонија да работат заедно на реформите за членство во НАТО. Американскиот заменик-државен секретар, Розмари Ди Карло, по средбите со македонскиот државен врв во Скопје изрази задоволство од напредокот на земјата на патот кон НАТО, но потенцираше дека Македонија има уште многу работа. Околу проблемот на Косово, Ди карло изјави дека САД настојуваат прашањето на статусот да се затвори за неколку месеци.