1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Диjaлог и соживот со помош на интернет

Ариан Фариборц8 декември 2008

Млади новинари од италијанскиот онлајн магазин „Бабелмед„ иницираа мултимедијален онлајн проект наречен „Мит ди адерс" каде ќе бидат прикажани социјалните и културни форми на мигрантите во Европа.

https://p.dw.com/p/GAPr
Интернетот како важен елемент за справување со предрасудите?Фотографија: AP

За околу 20 новинари од Шпанија, Франција, Германија и Италија во меѓународниот центар за новинари во Барселона тоа беше посебен ден. На фестивалот „Бабелмед“ тие имаа можност врз основа на слики, извештаи, видео снимки и радиодрами да го претстават и да го документираат она што во текот на „годината на интеркултурниот диjалог“ го подготвиле за мултимедијалната платформа „Митинг ди адер“. На презентацијата учествуваше и новинарката од турско потекло Нимет Секер од онлајн магазинот „Куантара-де-диалог со исламскиот свет“, кој меѓу другото е подржан и од Гете институтот и од Дојче Веле.

Новинарката објаснува кои тематски точки биле во центарот на нејзината работа: „Во еден случај беше така што се занимавав исклучиво со продукции на германски уметници со мигрантско потекло. При тоа особено се задржав на две теми, кои ми се видоа особено интересни. Темите, меѓутоа, не се воопшто поврзани една со друга, туку тие требаше да покријат само мал спектар од продукциите на уметниците со мигрантско потекло. Во едниот прилог, што го претставив, стануваше збор за режисерот Неко Челик, Турчин по потекло, кој живее и работи во берлинската населба Кројцберг и во последниве години прави голем број театарски претстави. Потоа, претставив специјален проект за турскиот писател Феридун Заимоглу, кој исто така подготвува документарни филмови за германските медиуми и обработува широк спектар на теми„ - објаснува новинарката Секер.

Уметници само за мигрантите

„Нему му е особено важно да не биде прифатен од општеството само како уметник или режисер со турско потекло, туку едноставно како уметник, како и сите други. Тој уште нагласува дека при работењето не се ограничува само на мигрантското миље, туку дека сака да обработува разни други теми. Таа слобода му е особено важна„ - вели новинарката Секер.

Berlin, Migranten
Предрасудите и омразата кон мигрантите во Европа е големаФотографија: DW

Концептот на проектот на редакцијата „Бабелмед„ од Италија е надминување на стереотипите, предрасудите за мигрантите и омразата кон странците во Европа, како и прикажување на комплексната животна реалност на младите мигранти во Европа.

Добрата соработка е предуслов за успех на проектот

Со цел да го подобрат заедничкото работење, младите новинари од повеќе интернет портали како Кантара-де од Германија, Иемед од Шпанија или Институтот Паралели од Италија се среќаваат повеќе пати во годината и разменуваат информации за проектот.

Од октомври годинава на интернет страницата www.babelmedfestival.net можат да се најдат голем број прилози, аудио и видео материјали на млади новинари и уметници со мигрантско потекло. Палетата на теми е разновидна: од документарци, репортажи, извештаи и интервјуа од и со северноафрикански музичари, турски филмски режисери или пак индиски танцувачки ансабли. Станува збор за навистина успешна интеркултурна медиумска иницијатива во онлајн верзија. Овој модел би можел наскоро во Европа да служи за пример.