1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добредојде претседателе

Дојче Веле и Агенции19 јануари 2009

Кога претходно се случило такво нешто? Нов американски претседател стапува на функцијата, а два дена пред инаугурацијата, светски музички и филмски ѕвезди на голем концерт го слават историскиот настан.

https://p.dw.com/p/GbGe
Обама одржа говор на концертот во ВашингтонФотографија: AP

Концертот во чест на инаугурацијата на новиот американски претседател Барак Обама, што се одржа пред Меморијалниот центар „Линколн“ во Вашингтон го отвори американската рок-легенда Брус Спрингстин, кој настапи заедно со госпел хор. Потоа настапија Шакира, Стиви Вондер, ирската група „Ју Ту“, како и Бијонсе, која заедно со хор ја отпеа патриотската песна „America the Beautifull“. Во програмата што беше одржана под мотото „We are the one“ („Ние сме едно“), учествуваа и холивудските ѕвезди како Том Хенкс, Дензел Вашингтон и многу други.

Пред Меморијалниот центар и покрај ниските температури се собраа околу половина милион луѓе. „Мојата мајка беше овде пред 47 години кога Марин Лутер Кинг на ова место го одржа својот голем говор. Дојдов тука со целото семејство. Воодушевени сме и со многу надеж гледаме кон иднината“, изјави една посетителка на концертот.

Obama Freiluft-Konzert am Lincoln Memorial in Washington
Бијонсе со хорот ја отпеа партиотската песна „We Are One“ („Ние сме едно“)Фотографија: picture alliance / landov

Обама - носител на надеж

Се разбира, главна ѕвезда за присутните на концертот беше идниот американски претседател Барак Обама, дури и кога во неговиот говор им најави тешки времиња на неговите сограѓани.

„На патот напред секогаш ќе има пречки и проблеми. Ние на почеток ќе правиме грешки што ќе ја стават на тест нашата решителност. Меѓутоа, јас стојам овде денеска исполнет со надеж дека САД ќе надминат се’, оти и натаму во нашето време ќе живее сонот на нашите предци кои ја основаа Америка“, порача Обама.

Тој е голем носител на надеж во САД. Луѓето имаат доверба во него не само затоа што е голем говорник, туку затоа што му веруваат во она што го вели. „И она што ми влева најмногу надеж додека стојам тука не е каменот и мермерот што не’ опкружува, туку она што го исполнува просторот помеѓу. Тоа сте вие - Американци од сите раси и региони кои дојдовте овде бидејќи верувате во она што може да биде оваа земја и затоа што сакате да ни помогнете да стигнеме таму“, порача Обама.

Во САД денеска се празнува Денот на Мартин Лутер Кинг. Барак Обама ги повика луѓето денешниот ден да го искористат за социјален ангажман. Неговата инаугурација во Вашингтон се очекува да ја проследат меѓу еден и два милиони луѓе.