1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Доброволна“ кастрација во германските затвори

12 март 2012

Советот на Европа неодамна остро ја осуди Германија поради тоа што казнетите за сексуални деликти ги поттикнува на „доброволна“ кастрација заради наводно смирување на нивните настрани сексуални страсти.

https://p.dw.com/p/149fZ
Фотографија: detailblick/Fotolia

Комитетот против тортура при СЕ во својот извештај за состојбата на затворениците во германските казнени установи од Германија бара укинување на доброволната хируршка кастрација на осудениците за сексуални дела. Зафатите од ваков вид се „унакажување, тие се неповратни и не се медицински нужни“, пишува во извештајот објавен деновиве во Стразбур.

Австриската членка на Комитетот против тортура Јулија Козма, предупредува дека тоа е „многу застарен метод. Уште кон крајот на 60-те години поголемиот број европски земји го укина овој метод, не само поради научните наоди според кои таквата медицинска интервенција не е никаква гаранција за излекување или исчезнување на настрани сексуални пориви“.

Strafvollzug
Фотографија: picture-alliance/ZB

Па, и Германците го прават тоа!

Првично, овој Комитет на СЕ остро ја нападна Чешка во која постои раширена пракса на кастрација на извршителите на сексуални деликти.

„Владата на Чешка тогаш не предупреди дека и во Германија постои можност за доброволна кастрација“.

Се разбира, Комитетот тогаш мораше да се позанимава и со оваа земја и навистина, наиде на два случаи на кастрација во 2010-та година. Според проценките, во Германија годишно се вршат просечно пет кастрации, а земјата е меѓу ретките во кои постои ваква пракса.

Доброволна и „доброволна“ кастрација

Затворското секојдневие често изгледа поинаку од ставовите на германските законодавци. Осудените за сексуални дела како силувања, посебно ако се осудени веќе втор пат за истото недело, многу добро знаат дека „доброволната“ кастрација може многу да им помогне за предвремено пуштање од затвор.

Symbolbild Kriminalität Handschellen
Фотографија: Fotolia/Gina Sanders

Јулија Козма пак предупредува дека токму овој аргумент воопшто нема смисол:

„Проблемот пред се‘ е во главите, а не во половите органи на луѓето. Затоа порадо препорачуваме психијатриски или психолошки третман за таквбите осуденици каде проблемот може да се реши и користење одредени медикаменти“.

Од другастрана, всушност сеедно е дали се користи скалпел или хемија, ако целта е целосна кастрација. На пример во Полска од 2009-та година судовите се дури педофилите да ги упатат на хемиска кастрација. Комитетот против тортура при Советот на Европа е свесен дека има и нови тежнеења кон враќање во Средниот век, а дека речиси и нема шанси на ниво на Европа да се воведат исти стандарди, заклучува Козма:

„Но постојат одредени основни вредности на човековото право кои мораме да ги почитуваме. Германија, исто како и Чешка и Полска или некоја друга земја-членка се обврзаа дека нема кон никого да се однесуваат нечовечки или да го изложуваат на понижувања“.

Автор: Ралс Бозен/ Ж.Ацеска

Редактор: Симе Недевски