1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Добрососедството треба да преовлада

2 јуни 2009

Предлогот „Северна Македонија“ е најреален кој досега бил претставен и е важен чекор за решавање на проблемот со името, смета П. Аграмунт, известувачот во ПС на ЗЕУ во извештајот за иднината на земјите од Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/I1Yr
Фотографија: European Communities

Спорот околу официјалното име на Република Македонија, создава сериозни грижи за ситуацијата во регионот, бидејќи тој ризикува да ја извади од колосек стратегијата на ЕУ за враќање на стабилноста во Република Македонија и регионот.

Проблемот со името ја спречува Македонија да напредува во евро-атлантските интеграции

Педро Аграмунт - известувачот на Парламентарното Собрание на Западно Европската Унија (ПС на ЗЕУ), со жалење констатира дека повеќето кругови преговори во периодот 2007 и 2008, меѓу двете земји, со посредство на специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц, завршија со неуспех. Како последица на тоа, Грција ја блокира поканата за членство на Македонија во НАТО за време на самитот во Букурешт. Неуспехот во преговорите меѓу Грција и Македонија и нивната неспособност да постигнат договор околу името, ја спречува Македонија да напредува во нејзината евро-атлантска интеграција, вели Аграмунт.

Namensstreit - Gespräche
Метју НимицФотографија: MIA

Известувачот, кој добро е запознат со проблемот на името на Македонија, бидејќи бил известувач и во Парламентарното Собрание на Советот на Европа токму за проблемот со името, оценува дека добрососедските односи меѓу Македонија и Грција треба да преовладуваат со цел да се изнајде решение по ова прашање и да се создаде добар пример за целиот регион.

Македонија и Грција да бидат охрабрени за да најдат решение

Затоа, Аграмунт изразува жалење што Македонија (во текстот на извештајот стои „Поранешната југословенска република Македонија“) го именувала аеродромот во Скопје „Александар Велики“, што според него претставува провокација кон Грција. Затоа тој одлучно ја моли Македонија да „фрли попозитивен и пообјективен поглед на последните предлози на посредникот на ОН, посебно за користењето на името „Северна Македонија“. Овој предлог, според шпанскиот парламентарец е најреален предлог, кој досега бил претставен и претставува важен чекор кон решавањето на проблемот со името. Во тој контекст, Аграмунт бара да бидат охрабрени Грција и Македонија да изнајдат заедничко прифатливо решение за името, потпирајќи се на предлозите од посредникот на Обединетите Нации, исто како и да се постигне напредок за преговорите за членство во ЕУ.

Mazedonische Aussenminister Milososki und seine griechische Kollegin Dora Bakojani
Министрите Милошоски и БакојаниФотографија: MIA

Во останатиот дел од извештајот на Парламентарното Собрание на Западно Европската Унија, кој е одговор на годишниот извештај на Европскиот совет посветен на заедничката одбранбена и безбедносна политика, во однос на иднината на земјите од Западен Балкан, се изразува извесна доза на загриженост за ситуацијата во овој дел на Европа, каде ЕУ е силно ангажирана.

Загриженост за ситуацијата во БиХ

Покрај спорот со името, сепак најголемата загриженост се однесува на влошувањето на политичката ситуација во Босна и Херцеговина и посебно сепаратиситичките закани од некои политичари на Република Српска. Потоа следуваат стравувањата од новите услови кои можат да и‘ се наметнат на Србија во однос на нејзината евроинтеграција, немањето заедничка европска позиција во однос на признавањето на Косово, нерешениот граничен спор меѓу Хрватска и Словенија, кој ја спречува Хрватска да напредува на патот кон ЕУ.

Den Tisch gedeckt für die EU
Фотографија: AP

ПС на ЗЕУ е загрижена и за последиците од светската финансиска криза која се одразува на сите земји од Западен Балкан, како и поради обидите за редефинирање на политиката за интеграција на регионот во ЕУ, политика која се’ досега се темелеше на зачленување на земјите во Унијата.

Затоа единствениот парламентарен одбранбен форум на европско ниво е убеден дека ЕУ не смее да го остави регионот самиот на себе си. Во таа насока, ПС на ЗЕУ испраќа серија препораки до ЕУ за да се надминат загрижувачките состојби и да се забрза евроинтеграцијата на регионот.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска