1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доволно време за дипломатија

7 јули 2006

Со еден ден задоцнување, европскиот шеф на дипломатијата Хавиер Солана се сретна со иранскиот преговарач во атомскиот спор Али Лариџани. Европската унија од Иран очекува одговор на понудата на меѓународната заедница за надминување на атомскиот спор.

https://p.dw.com/p/Ae0K
Хавиер Солана
Хавиер СоланаФотографија: AP

Средбата во Брисел е нефромална вечера, не е преговарачка рунда, се вели од иранската делегација. Иранскиот преговарач Али Лариџани со пријателска насмевка но тежок на зборови „Сериозно вложуваме напори да го решиме конфликтот, но разговорите почнуваат наредниот вторник. Сега сум на јадење поради респек кон Хавиер Солана.“

Одговор не треба да се очекува ниту од формалната средба што треба да се оддржи нередниот вторник, се вели од ирански дипломатски кругови. Иран ќе ја соопшти својата одлука дури на 22 август, дали ќе ги прифати предлозите со што ќе треба да се откаже од натамошно збогатување на ураниум. Ова го најави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Конкретени детали не му беа откриени ниту на европскиот дипломат Солана „Имавме средба и ќе ја продолжиме наредниот вторник. Се радуваме што го поттикнуваме овој процес кој носи предност за двете страни и многу земји во светот. Сега ќе работиме.“

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и рускиот претседател Владимир Путин сепак ги изразија нивните очекувања, дека ќе има реакција од Иран уште пред самитот на Г8 што ќе се оддржи наредната недела. Инаку пакетот што го понудија петте постојани земји членки на ОН и Германија предвидува економска и технолошка помош, покрај другото и поддршка за изградба на нуклеарни централи само за цивилна употреба. Иран од своја страна треба да се откаже од збогатување ураниум, со кој би можело да се произведе нуклеарно оружје.

Европскиот шеф на дипломатијата Солана на синоќешната средба сакаше да открие во кој правец ќе се движи одоговорот на Иран. Но најверојатно не стигна далеку, имено планираната прес конференција по средбата беше откажана. Сепак шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеј за турската телевизија рече дека не верува оти Иран е во состјба уште сега да произведе атомско оружје . Што значи има доволно време за дипломатија.