1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорена нова кинеско-тибетска средба

5 мај 2008

Кинеската влада и пратениците на Далај Лама, по првите разговори по последните немири на Тибет договорија нова средба јави кинеската агенција Хсинхуа. Обете страни искажале оптимизам за можноста од добар резултат.

https://p.dw.com/p/DtUN
Новинарите во исчекување на изјави по првите кинеско-тибетски преговориФотографија: AP

Според агенцијата Хсинхуа, за новата средба не е соопштено времето, ниту местото. За време на вчерашната средба во градот Шенжен, претставниците на Пекинг стрпливо одговарале на прашањата на пратениците на Далај Лама, јави агенцијата. Обете страни се согласиле во соодветно време повторно да се сретнат. Претходно, двете страни со многу надеж во изјавите. Претседателот на Кина Ху Џинтао, чии зборови ги цитира агенцијата Хсинхуа, искажал надеж во позитивен резултат. За време на средба со јапонски новинари, Џинтоа јасно ставил на знаење како го замилсува дијалогот со претставниците на Далај Лама. Неговите зборови ги пренесе спикерка на државната телевизија:

„Стара кинеска поговорка вели: слушај ги зборовите, гледај ги делата. Ние не го оценуваме Далај според она што го вели, туку според она што го прави. Нашиот став кон Далај е јасен: нашата врата за дијалог секогаш е отворена. Се надеваме дека Далај може да докаже оти се откажал од поддршката на сепаратистички акции, насилнички немири и саботажа на Олимписките игри„.

Тибетскиот премиер во егзил Самдонг Римпохе во индискиот град Дарамсала изјави дека е оптимист оти ќе има добар резултат. На тибетската страна и е до тоа на кинеската страна да и се пренесе загриженоста поради настапот на кинеските валсти во тибетскиот конфликт.

И додека тибетските пратеници на Далај Лама беа на пат кон Кина, првите кинески туристи повторно можеа да патуваат во Ласа. Времето одлично, а пред палатата Потала посетителите ги очекуваше посебно изненадување. Партискиот шеф на Тибет Жанг Квингли лично ги пречека и ги поздрави:

„Она што се случи на Тибет во март му припаѓа на минатото. Овде во секој поглед се врати нормалниот живот. Ги поздравуваме туристите и пријателите од целата земја и од целиот свет„.

Оваа порака беше насочена кон кинеската публика. Зашто, Ласа и натаму е затворена за странски посетители.