1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорен составот на комисијата за настаните од 24 декември

ЖА/макфакс17 март 2013

Љубомир Фрчкоски и Рената Дескоска од СДСМ и Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ се членови на комисијата формирана да утврди одговорност за настаните од 24-ти декември 2012 година во и надвор од Собранието.

https://p.dw.com/p/17z7l
Фотографија: MAKFAX

Како што информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, на втората средба кај претседателот е договорено Комисијата да функционира во рамки на Собранието. На некоја од следните средби ќе биде одлучено кој ќе биде претседател на Комисијата, кој треба да го одреди претседателот Иванов, како иницијатор за формирање ваква комисија, која треба да послужи за надминување на политичката криза.

Формирањето на Комисијата доаѓа откако тоа беше договорено со потпишување
на политичкиот договор меѓу двете најголеми политички партии во земјаtа, под капата на Европската унија.

На 24-ти декември, протестот на опозицијата инициран да не се донесе
државниот буџет со кој не се сложува, се префрли од пред - во Собранието, па опозициските пратеници кои најпрво не дозволуваа да се влезе во пленарната сала, потоа не сакаа да излезат, па беа отстранети од собраниското обезбедување.

Претходно беа отстранети од собраниската галерија и акредитираните новинари кои известуваат од собраниските седници. Буџетот потоа на седница, на која присуствуваа само владејачките пратеници и опозициските од ДПА, беше донесен без никаква расправа.