1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договор за соработка меѓу Дојче Веле и МРТВ

21 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag1p

Првите луѓе на Дојче Веле и на Македонската радио и телевизија Ерик Бетерман и Борис Ставров денеска во Скопје потпишаа договор за соработка . Тој предвидува емитување на содржините на Дојче Веле на фрекфенциите на македонското радио , како и засилена соработка на технички и содржински план меѓу двете медиумски куќи. Во овие моменти во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржува прес-конференција на која генералните директори на двете куќи и одговорниот уредник на програмата на македонски јазик во ДВ , Нада Штајнман говорат за поединостите од Договорот и плановите за засилување на соработката меѓу германската и македонската медиумска куќа во иднина.