1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доделена наградата за човекови права “Мартин Еналс“

Давуд Кодабакш13 октомври 2006

Двајца борци за човекови права од Иран и Зимбабве се добитници на овогодинешната награда “Мартин Еналс“. Наградата се доделува од 1993 година, а името го носи по првиот генерален секретар на организацијата за човекови права, Амнести Интернешнл.

https://p.dw.com/p/AdwW
Акбар Ганџи и Арнолд Тсунга
Акбар Ганџи и Арнолд ТсунгаФотографија: DW

Наградата “Мартин Еналс“ годинава отиде во рацете на иранскиот новинар и борец за човекови права, Акбар Ганџи и авдокатот Арнолд Тсунга, претседавач на Здружението за човекови права во Зимбабве.

48 годишниот Иранец Ганџи бил уапсен во 2000 година, откако со својата истражувачка работа докажал дека високи политичари се вмешани во повеќе политички убиства на интелектуалци и критичари на режимот. Во затвор бил речиси шест години. Ганџи, кој на почетокот на исламската револуција бил сосема на страна на харизматичниот револуционерен водач, ајатолахот Хомеини, во меѓувреме и врти грб на исламската идеологија и во 2002 година во затворот го составува “Републиканскиот манифест“, во кој конципира основни постулати на една демократска ддржава. При доделувањето на наградата во Женева, тој рече: “Оваа награда ја примам во име на сите луѓе во Иран кои се борат за солобода, демократија и човекови права. Мислам дека сите тие се достојни да ја добијат наградата.“

Вториот носител на наградата, Арнолд Тсунга, претседател на Организација за човекови права во Зимбабве е еден од водечките адвокати кои се на страната на чивековите права во таа земја. Независно од личните ризици, Тсунга и во новиот, репресивен правен систем, бранел пред суд лица кои биле малтретирани во затворите. Бил повеќепати затворан и неодамна е пуштен од притвор со кауција. Неговата храброст и работа се меѓународно признати – минатиот јуни тој беше замолен да говори во име на организациите за човекови права на правта седница на Советот за човекови права во Женева.

Наградата Мартин Еналс е дотирана со 20 илјади швајцарски франци, кои се наменети за продолжување со активностите на полето на човековите права.