1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доделени Златните глобуси

17 јануари 2006

Каубојаската романса ,, Броукбек маунтејн“ е големиот победник на вчерашното доделување на Златните Глобуси на Беверли Хилс.

https://p.dw.com/p/AeTj
Сцена од ,, Броукбек Маунтејн“
Сцена од ,, Броукбек Маунтејн“Фотографија: AP

,, Броукбек маунтејн„ освои најмногу, вкупно 4 награди, меѓу кои за најдобра режија на Анг Ли. Хомосексуланите и трансексуланите теми преовладуваа на гламурозната церемонија на Беверли Хилс. И тоа не само со филмот победник, чија приказна зборува за двајца стари пријатели на еден ранч, кои долги години имаат хомосексуална врска иако имаат среќни семејства и деца, туку и со филмот – биографија ,, Капоут“ и ,, Трансамерика “

,,Фактот дека ,, Броукбек маунтајн“ наиде на своја публика во целата земја, вклучувајќи ги и конзервативните средини, покажува дека Американците сакаат да гледаат љубовни приказни во сите форми,, посочи режисерот Ли, креатор на првонаградениот филм.

Церемонијата ,, Златни Глобуси“, која е втора по хиерархија во светот на филмот, веднаш по Оскарите, меѓутоа покажаа дека публиката милува да гледа и политички и музички стории.

Сребрена ѕвезда на глобусите, беше филмот биографија ,, Валк д лајн,, на Џони Кеш. Музичката комедија зема три глобуси.

Многу холивудски лица можеа да се видат на вчерашниот спектакл во Беверли Хилс, меѓу кои и Џорџ Клуни, кој беше номиниран за најдобар актер во филмот ,, Сиријана,, трилер кој сведочи за владината корупција. Високите награди зема и приказната со слична тема. , Д констант гарденер“, потоа терористичката драма,, Парадајс нау“, како и серијата за Белата Куќа , ,,Командер ин Чиф “.