1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Долг е патот до демократија во Египет

Автор: Рајнер Золих/ Обработка: Симе Недевски4 јули 2013

Добро е дека повеќе не владее. Но начинот на кој претседателот Мурси е симнат од власт ја отсликува опасноста на ситуацијата во која се наоѓа Египет, коментара Рајнер Золих, уредник на арапската редакција во ДВ.

https://p.dw.com/p/191wt
Фотографија: Reuters

Прво Хосни Мубарак, а сега Мохамед Мурси: Уште еднаш египетската армија во последен момент застана зад демострантите од каирскиот плоштад Тахрир и симна од власт уште еден непопуларен претседател. Овој пат тоа беше демократски избраниот претседател кој по изборите опасно ја поларизираше земјата и народот.
Резултатот е јасен, но не е смирувачки: Истовремено, армијата никому не ги открива картите. Искусно се поставува, се појавува како коњаница во тешки државни кризи и така осигурува политичка доминација, но ги обезбедува и своите огромни економски интереси.

Храбри граѓани

Тука не може да стане ни збор за демократија, но каква вредност демократската култура воопшто има во Египет во последниве години? Почитување заслужија голем број луѓе кои изминативе денови на мирни демонстрации бараа заминување на Мурси. Никој кој верува во демократија и плурализам не може да посака претседател на најбројната арапска земја да биде некој како Мурси. И покрај неговиот „прагматичен“ настап, оправдано беше да се претпостави дека претседателот чекор по чекор ќе ги урива демократските вредности и државните институции ќе ги потчини себеси и на своите Муслимански браќа.

Deutsche Welle Rainer Sollich Arabische Redaktion
Рајнер Золих, автор на коментарот и уредник на арапската редакција во ДВФотографија: DW/P. Henriksen

Исламот е компатибилен со демократијата исто како и христијанството - во тоа веруваа многу демонстранти кои со своето присуство ја натераа војската да го собори режимот. Завладеа сомнеж во намерата Муслимаските браќа да ја почитуваат демократијата - меѓу нив постои загрижувачка подготвеност за насилство. Но не само меѓу нив. Застрашувачка омраза и насилство има и на страната на противниците на Мурси на улиците, меѓу либералите и „револуционерите“, фрустрираната младина и симпатизерите на поранешниот режим на Хосни Мубарак. На сите страни има трагично малку демократска култура. И првите насилни мерки против Муслиманските браќа и барањето да се повлечат од политиката го прикажуваат тој дефицит на демократија.

Опасни поделби

Добро е за Египет дека Мурси повеќе не е на власт. Долгорочно тоа може да биде дури и охрабрување за целиот регион бидејќи во стратешки најважната земја во арапскиот свет поголем дел од населението се крена против доминацијата на исламот. Но ништо се' уште не е сигурно. Египетското општество е опасно поларизирано, а драматичната состојба би можела и понатаму да го подгрева агресивното расположение во земјата.
Останува длабокото чувство на поделеност- потегот на војската беше во овој случај неопходен, но истовремено претставува и чекор назад за демократската транзиција на земјата. Египетската револуција можеби штотуку започна. Потенцијал за ново насилство не недостасува.