1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Домаќинките во финале на ЕП во одбојка во Берлин

АМ/дв14 септември 2013

Националниот женски одбојкарски тим на Германија се пласираше во финалето на Европското првенство во одбојка, победувајќи ја селекцијата на Белгија во полуфиналето што се одржа во Берлин. За злато се игра против Русија.

https://p.dw.com/p/19hTs
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот национален тим успеа во текот на полуфиналниот натпревар, во салата Макс Шмелинг во Берлин, да се врати во игра, откако губеше во првите два сета (18:25, 20:25). Женската одбојкарска репрезентација дојде до победата по освените последни три сета (25: 21, 25:21, 15:11) и денеска ќе игра против Русија.

„Чувството е неверојатно. Победивме против многу силен тим. Честитки до моите натпреварувачки, кои дури и во најтешките моменти од играта никогаш не се предадоа. Освен тоа, оваа победа беше за навивачите. Повеќе од 7.000 фанови не’ туркаа да си ги надминеме границите. Благодарение на нив успеавме неверојатно да се вратиме“, изјави тренерот на германскиот тим Џовани Џуидети по завршувањето на синоќешниот натпревар.

Германските одбојкарки стигнаа до победата во натпревар кој траеше 134 минути. Со победата над Белгија, германскиот тим освен што се квалификуваше за финалето на првенството во Берлин, туку и за натпреварите на Светското првенство во одбојка, кое во 2014 година ќе се одржува во Италија.