1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Донаторска конференција за Мијанмар

19 мај 2008

Ситуацијата во Мијанмар и натаму е критична. Во Јангун најверојатно ќе се оддржи донаторска конференцијаза подобра координација на странската помош.

https://p.dw.com/p/E2ER
Преживеаните чекаат помошФотографија: AP

Воената влада на Мијанмар има намера да организира донаторска конференција за подобро да се координира странската помош. Тајландскиот министер за надворешни работи Нопадон Падама изјави во Сингапур, дека неговиот колега од Мијанамар Нијасн Вин, овој предлог ќе го соопшти на денешната средба на групацијата држави АСЕАН. Конференцијата за помош на Мијанмар треба да се одржи во Јангун на 22 или 23 мај.

Во меѓувреме, координаторот на Обединетите нации за хуманитарна помош Џон Холмс, како што изјави портпаролката на светската организација Аманда Пит, пристигнал во Мијанмар „Генералниот секретар го замоли Холмс да замине за Мијанмар на разговори за тоа како можат Обедиентите нации да помогнат. Како што е познато, ситуацијата е критична, а помошта не стигнува доволно бргу до луѓето во неволја“, изјави Аманда Пит.